Државниот студентски дом –Скопје ја известува јавноста дека објавување на резултати за примени студентни го врши Министеството за образование и наука исто како што и го распишува конкурсот за добивање студентски легла во студентските домови, велат од  Државниот студентски дом „Скопје“ – Скопје.

Тие реагираат на изјавата на претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески кој обвини дека сместувањето на студентите во студентските домови не е почнато и не се објавени списоците со примени студенти. Јавно праша дали причина за доцнењето на списоците значи дека се чекаат партиски списоци за тоа кој треба да биде примен, а кој не.

Од Државниот студентски дом-Скопје велат дека тие немаат надлежност да доделуваат студентски легла без конечен список утврден според конкурсот од МОН, ниту има увид во списоците и одобрените легла за студентите.

Државниот студентски центар денеска и во наредните денови ќе им излезе во пресрет на сите студенти и ќе им обезбеди сместување до објавувањето на конечните списоци од Министерството за образование и наука. УМС на ВМРО-ДПМНЕ наместо да шири паника и да го следи примерот на постарите сопартијци дека треба да соработува и искрено да се вложи во подобрување на студентскиот живот“, се вели во реакцијата.