„СДСМ се заглавени и се подолу тонат со обидите да ги амнестираат криминалот и високата корупција“, стои во соопштението до јавноста, како реакција на денешната прес конференцијата на Дамјан Манчевски.
Ниту правда ниту интеграции ќе има со селективноста на правдата која што ја водат преку “пупка судството” и прислушуваното ЈО на Зоран Заев. Изворот на лажни вести во насока на криење на корупцијата е токму власта на главата на криминалниот октопод. Тоа се вестите за Блескање, за Датум за преговори, за Раст на пензии, за Раст на економија, лажните вести За Живот, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата ја обвинија власта бега од оговори за тоа каде се парите од Рекет и каде завршила торбата пари, како и одговори за Драги Рашковски и за како што велат криминогениот тендер за Леонардо, но и спогодбата на Анѓушев вицепремиерот со Анѓушев бизнисменот.
Транспарентноста молчи пред прашања каде се 500 евра просечна плата, земјоделски мерки кон потребите на земјоделците, 600 км автопатишта и другите лаги кои ги сее власта. Врвот на недемократското владеење се обидите за замолкнување на медиумите, тужени и повикуваат новинари во полиции заради информации од јавен интерес, велат од опозицијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека сета влада е лажна вест и тоне во криминал и затоа бега од избори. Но, велат дека следуваат избори, а потоа и обнова на Република Македонија и дека секој кој огрешил или учествувал во криминал ќе одговара пред независни правосудни органи.
Comments are closed for this post.