Стравотна сообраќајна несреќа се случила денес попладне во германската сојузна држава Турингија на автопатот А9. Билд цајтунг објави дека сообраќајката се случила во услови на засилен сообраќај во близина на Бад Лобенштајн каде загинаа четворица мотоциклисти, соопшти полицијата.
Покрај загинатите, потешко се повредени уште двајца мотоциклисти кога во групата удрил камион „мерцедес“.
Несреќата се случила околу 16.30. Несречните моторџии се движеле кон Берлин кога застанале под еден надвозник за да се засолнат од доќдот кој ненадејно почнал да врне. Тие мислеле дека таму биле безбедни, меѓутоа од непознати прични камионот налетал на групата мотоциклисти.
Поради сообраќајната несреќа полицијата целосно го затворила тој дел од А9.
Comments are closed for this post.