Обвинителството на Австрија ги отфрли обвиненијата за злоупотреба на власта против бившиот вицеканцелар Хајнц Кристијан Штрахе. Скандалот познат како аферата „Ибица“ изби во текот на мај и доведе до оставка на вицеканцеларот.

Според обвинителството, тајните снимки од шпанскиот туристички центар се направени пред Штрахе да има раководна позиција и немал власт за да располага и доделува општествени средства.

На снимките, бившиот вицеканцелар и неговиот соработник ветуваат јавни набавки на анонимна сонародничка на руски олигарх во замена за финансирање на крајно десната Австриска партија на слободата.

Скандалот доведе до распад на тогаш владејачката коалиција, масовни протести и нова привремена влада.