Со 13 чамци 546 бегалци и мигранти вчера пристигнале на грчкиот остров Лезбос, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.
Според истите информации, мигрантите и бегалците биле забележани од крајбрежната служба на Грција во северниот дел на островот.
Во изминатиот период е зголемен бранот бегалци и мигранти на грчките острови, нешто што го забележаа и Мицотакис и Меркел на вчерашната прес-конференција во Берлин по нивната средба, jави дописничката на МИА од Атина.
Comments are closed for this post.