Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски денеска го објави списокот со играчи за претстојните два натпревара во квалификациите за ЕУРО 2020. Ангеловски повика 23 фудбалери за средбите со Израел (5 септември) и Летонија (9 септември).
Деби меѓу „црвено-жолтите“ ќе има напаѓачот на француски Ним, Влатко Стојановски.
Список на повикани играчи:
Голмани: Столе Димитриевски (Рајо Ваљекано, Шпанија), Дејан Илиев (Серед, Словачка), Дамјан Шишковски (Работнички);
Одбрана: Висар Муслиу (МОЛ Фехервар, Унгарија), Егзон Бејтулаи (Шкендија), Кире Ристевски (Ујпешт, Унгарија), Дарко Велковски (Ријека, Хрватска), Ѓоко Зајков (Шарлроа, Белгија), Езџан Алиоски (Лидс Јунајтед, Англија);
Среден ред: Енис Барди (Леванте, Шпанија), Аријан Адеми (Динамо Загреб, Хрватска), Бобан Николов (МОЛ Фехервар, Унгарија), Стефан Спировски (Ференцварош, Унгарија), Елиф Елмас (Наполи, Италија), Кире Маркоски (АЕЛ Лимасол, Кипар), Марјан Радески (Шкендија), Љупчо Дориев (Академија Пандев);
Напад: Горан Пандев (Џенова, Италија), Иван Тричковски (АЕК Ларнака, Кипар), Илија Несторовски (Удинезе, Италија), Александар Трајковски (Мајорка, Шпанија), Крсте Велкоски (Сараево, БиХ), Влатко Стојановски (Олимпик Ним, Франција);
Собирот на репрезентацијата е закажан за 2 септември во Скопје.
Comments are closed for this post.