Албанската Агенција за контрола на храна денеска забрани влез на вкупно 387,1 тони месо увезено од Бразил, од Канада и од Кипар.
Според Агенцијата 234,5 тони месо се вратени назад во земјата на потекло и уште 152,6 тони се во процес на враќање.
Тие биле запрени за време на контролите што ги извршиле инспекторите за храна во пристаништето Драч, бидејќи било констатирано дека е небезбедно за консумирање.
Вратени се назад во земјата на потекло пет пратки од 107.240 тони свинско месо со потекло од Бразил, две со тежина од околу 53 тони со крајна дестинација Косово, како и 74.946 тони свинско месо со потекло од Канада. Останата количина, која е во процес на враќање е свинско и телешко месо и плешки филети по потекло од Бразил и од Кипар, се наведува во соопштението од Агенцијата за храна.
Исто така се посочува и дека пратките не поседувале пред се ветеринарен сертификат како главен документ за безбедност на производи и сертификати за анализа, а било утврдено и присуство на рактопамин, нерегистриран и забранет ветеринарен медицински производ за употреба во Албанија и во ЕУ.
Од подамна албанската агенција за храна врши ригорозна контрола на месото бидејќи честопати трговците увезуваат месо кое е проблематично за исхрана. Оваа институција, исто така врши и голема контрола на кланиците во Албанија.
Comments are closed for this post.