Во пожар целосно изгоре вториот спрат на автобус на ЈСП Скопје. За среќа нема повредени, а причината како настанал допрва се утврдува. Во гаснење на пожарот интервенирале шест пожарникари со две возила.
Од јавното претпријатие ЈСП Скопје информираат дека на лице место е излезена внатрешна контрола која ќе ги утврдува причините за несреќата. Се работи за автобус со број 5 кој сообраќа на релација од Дексион кон Ново Лисиче.
Порталот А1Он објави видео непосредно откако автобусот се запалил, истото можете да го погледнете тука.
Comments are closed for this post.