Силна експлозија се слушна во центарот на престолнината на земјата Тунис. Според последните податоци станува збор за самоубиствен напад. Засега ниедна терористичка организација не ја презема одговорноста за нападот.

Полицијата го опколи тој дел на градот, пренесуваат локалните медиуми. Според последните податоци на полицијата, во експлозијата повредени се девет лица.

Жената самоубиец наводно се кренала во воздух во близина на полициско комбе и еден хотел. Сведоците кои ја виделе жената пред експлозијата рекле дека носела прслук полн со експлозив.