Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека Русија претрпела стратешки пораз во Украина и тоа му е „одамна јасно“ на целиот свет.

– Русија едноставно нема храброст да признае дека е така, рече тој во своето ноќно обраќање.

Тој ги нарече руските сили „кукавици“ кои се обидуваат да ја сокријат вистината зад „ракетните, воздушните и артилериските напади“.

На Меѓународниот ден на медицинските сестри, тој им се заблагодари на медицинските сестри и болничарите што ги спасиле животите на украинските војници, а исто така истакна дека руските сили уништиле 570 здравствени установи од почетокот на војната.