Комичарот Владимир Зеленски (41), кој според првичните анкети освои најмногу гласови на претседателските избори во Украина во првиот круг, порача дека направил голем чекор кон победа.
Ова е само прв чекор кон голема победа. Ние сме млади луѓе. Не сакаме да го гледаме сето она од минатото во нашата иднина“, истакна тој.
Според анкетите за излезност, Зеленски освоил 30,4 отсто од гласовите и во вториот круг ќе влезе со актуелниот претседател Петро Порошенко кој доби 17,8 отсто од гласовите.
Украинската полиција објави дека примила повеќе од 1.600 жалби во врска со неправилностите на изборниот ден, заедно со уште стотина обиди за подмитување на избирачите и однесување на гласачки ливчиња од избирачките места.
Новиот живот, почнува нормален живот. Живот без корупција, без подмитување“, рече Зеленски после гласањето.
Анкетите покажуваат дека поранешната премиерка Јулија Тимошенка е на третото место со поддршка од 14,2 отсто од гласовите.
На изборите силата ја одмерија 39 кандидати, а анкетите пред изборите укажуваат дека Зеленски, актерот кој го игра претседателот во комичниот ТВ серијал, има најголема поддршка од избирачите.
Истражувањата претходно покажаа дека ниту еден од кандидатите нема да успее да освои 50 отсто плус еден глас, така што речиси е извесно на 21. април ќе се одржи втор круг од изборите, со двајца најдобро пласирани кандидати.
Украинците избираат претседател за кој се надеваат дека земјата од 42 милиони луѓе ќе ја извлече од криза, од ендемската корупција, наизглед нерешливата војна со проруските сили на истокот од земјата и економијата која е во проблеми.
Comments are closed for this post.