Рускиот претседател Владимир Путин реши да земе неколкудневен одмор и да се упати во тајгите во далечниот Сибир. Тој самиот се пофали дека има активен одмор и оти лови риби, плива и многу пешачи. Кога сака да се одмори Путин прави кафе по рецепт на локалните жители и сака самиот да го припреми во ѓезве.

Домашното кафе се подготвува на специјален начин и кафето и шекерот се карамелизираат, се додава млеко а потоа и изворска вода.

Друштво му прави и министерот за одбрана Шојгу па така тие одлучија да припремат скара од месото на животни кои ги уловија во текот на ноќта.