Актерот и продуцент Владимир Зеленски и официјално стапи на должноста претседател на Украина, а по свечената церемонија во Врховната рада го направи првиот чекор распуштајќи го парламентот.

Ветувам дека ќе ги штитам суверенитетот и независноста на Украина, ќе се грижам за благосостојбата на татковината и на украинскиот народ, ќе ги штитам правата и слободите на граѓаните, ќе ги штитам Уставот и законите на Украина и ќе ги исполнувам обврските во интерес на сите сонародници, изјави Зеленски.

Во обраќањето пред парламентот новиот претседател изјави дека е подготвен на се „за повеќе да не умираат хероите на Украина“. Со ова тој ја најави и својата позиција во однос на конфликтот со Русија.

Ние не ја започнавме таа војна. но ние треба да ја запреме. Подготвени сме за дијалог, но убеден сум дека првиот чекор за започнување на тој дијалог е враќање на сите украински заробеници. Да се вратат заземените територии, иако не може да се врати тоа, што според правото е наше. Крим и Донбас се украински земји. Но не земјата, туку најважното што го изгубивме се луѓето. Треба да ја вратиме нивната самосвест. Претходната власт не направи ништо, тие да се чувствуваат како Украинци, изјави Зеленски.