Лидерот на опозицијата во Венецуела Хуан Гваидо денеска објави снимка од воена база во близина на Каракас која е опколена од војници во униформи и во друштво на еден од опозиционерксите лидери Леополд Лопез, кој повикал на воен бунт.

Портпаролот на владата на Мадуро потврди дека е почнат воен пуч.


Според последните информации, на автпатот во близина на базата од каде Гваидо се јави, се гледа чад и солзавец. Некои медиуми наведуваат дека станува збор за судир на војската која е верна на Мадуро и дел од војската која преминала на странтата на самопрогласениот претседател Гваидо.

На снимките кои кружат по друштвените мрежи се гледа, наводно, побунетиот дел од војската кој се позиционира на автопатот Франциско Фајардо.

Претходно, Гваидо ја повика венецуелската војска да го подржи и да ја прекине „узурпацијата која ја врши претседателот Николас Мадуро“. Како што изјави на снимката, започнува завршната фаза од негиовиот план да го смени Мадуро. Снимката објавена на неговиот Твитер профил, според неговите зборови, направена е во авио-базата „Ла Карлота“ во Каракас.

Националните вооружени сили донесоа правилна одлука и сметаат на поддршката на народот на Венецуела, додава Гваидо.