За влакно е избегнат посериозен инцидент, односно блиска средба меѓу неофашистичката група „КазаПаунд“ што организираше марш низ италијанскиот град Трст и група антифашисти што во исто време организираа контрамитинг. Со големи напори, италијанската полиција успеа да ги задржи двете групи одвоени, иако тие дојдоа едни до други на само стотина метри во центарот на градот.

Проценките на надлежните се дека на антишашистичкиот собир имало околу 4.500 луѓе, иако организаторите тврдат дека се собрале најмалку 7.000, додека пак, на страната на „КазаПаунд“ пристигнале повеќе од 30 автобуси од цела Италија, односно имало околу 2.000 луѓе.

Пред митингот, од „КазаПаунд“ објавуја дека со митингот сакаат да одбележат 100 години од италијанската победа во Првата светска војна“

Реакција со загриженост поради организацијата на неофашистичкиот собир стигна од претседателот на словенечкиот парламент, Дејан Жидан, кој во видео порака на твитер истакна дека јакнењето на неофашизмот во Италија носи ризик од влошување на добрата соработка на граничните премини меѓу Словенија и Италија.

Неопходно е да се спротивставиме на фаѓизмот со толеранција, соработка и храброст. Мораме да бидеме носители на соработката и да го отфрлиме делувањето што донесе толку зло за Словенија и за Европа – вели Жидан во пораката.


Жидан потенцира и дека е загрижен поради недостатокот на осуда на неофашизмот, кој не е феномен ограничен само на една земја.