Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган месецов ќе се сретне со американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин. Како што објави агенцијата „Тасс“ тоа ќе се случи за време на посетата на Париз.

Меѓународен состанок ќе се одржи на 10. и 11. ноември во Париз, а на него ќе присуствува и Трамп. Ќе имаме прилика да се состанеме лице в лице и да разговараме за разни прашања. Во истиот формат, можна е средба и со Путин – изјавил Ердоган на прес-конференција во Анкара.