Шпанската полиција соопшти дека открила криминална банда специјализирана за лажни кредитни клартички, којашто ја предводел Алжирец, претходно осуден дека ги финансирал нападите во САД од 11 септември 2001 година.

Како што наведуваат од шпанската полиција, во Мадрид се уапсени 19 луѓе коишто правеле лажни кредит и картички врз основа на податоци земени од корисници на даркнет мрежата, што не е видлива со обичните интернет пребарувачи. Со помош на тие картички, членовите на криминалната група земале пари од банкомати и плаќале сметки во продавници.

Алжирецот, кој бил шеф на бандата, а чие име не се наведува, го користел воој вид на криминал да ги финансира нападите од 11 септември во кои загинаа речиси 3.000 луѓе. За тоа, Алжирецот бил осуден во Шпанија, но не се соопштува колку долго бил во затвор и кога бил ослободен.