Што и е потребно на жената за да биде убава – обука, масажа и додворувач.

Ова им го изјави Владимир Путин на дамите од московската полиција, кои рускиот претседател ги посети во пресрет на 8 март.

На средбата, Путин ги пофали вработените во репрезентативниот полк на полицијата за нивната работа околу безбедноста во руската престолнина.

Тој зебележа дека една четвртина од  персоналниот состав на вработените се жени. Путин ги демонстрираше и јавачките способности.