Британската премиерка Тереза Меј предупреди дека државата може никогаш да не ја напушти ЕУ ако пратениците отфрлат нејзин договор за брегзит идната недела.

Меј упати порака и кон европските лидери да покажат последни напори за неопходните промени и договорот да биде прифатлив и за британските пратеници. Таа имаше говор во градот Гримзби каде 70 отсто жители гласаа за излегување на Лондон од ЕУ на референдумот во 2016 година.

Поддржете го договорот и Велика Британија ќе ја напушти ЕУ. Отфрлете го и никој не знае што ќе се случи. Можно е ние да не ја напуштиме ЕУ со месеци, може да заминеме без заштити. Ние може и воопшто да не ја напуштиме ЕУ, нагласи таа.

Во исто време, во Брисел очекуваат до крајот на денот нови „прифатливи“ предлози од Лондон за надминување на застојот во преговорите