Српскиот претседател Александар Вучиќ на Емануел Макрон кој утре ќе допатува во посета на Србија му подготви неколку подароци. Меѓу нив се и коњичка сабја М1895 како и два тома извештаи од дипломатијата на Кралството Србија од Париз.

Како што пишува “Политика” Макрон ќе добие српска сабја  за подофицери и војници која била дел од наоружувањето на српските подофицери и коњаницата во 1895 година и на која има изгравирано српски грб

Меѓу подароците кои ќе му бидат дадени на францускиот претседател се и двата тома извештаи на српската дипломатија. Првиот том “Мисија на Кралството Србија во Париз 1879-1885 и вториот том Мисија на Кралството Србија во париз 1885-1893.

Макрон ќе добие и пиротски килим.