Германската канцеларка Ангела Меркел денеска им оддаде почест на неуспешните атентатори на Хитлер. Според Меркел Германците и денеска имаат должност да им се спротивстават на десничарските екстремисти исто како што пред 75 години тоа го направиле силите на отпорот организирајќи атентат врз Хитлер.

Следејќи ја својата совест тие обликуваа дел од германската историја кој во спротивно ќе беше одреден од темнината на националцосијализмот. Денеска постои должност да се застане против сите тенденции кои сакаат да ја уништат демократијата, рече Меркел.

Потсети дека на 20 јули 1944 година во штабот на Хитлер била поставена бомба која требала да го убие и со тоа нацистичката партија да биде симната од власт. Атентатот не успеал, Хитлер бил полесно ранет