Рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека „војната ќе продолжи доколку остане сегашната власт во Киев“, бидејќи, како што рече, „тие немаат интерес да се реши конфликтот“.

Сегашната власт во Украина нема интерес да се реши конфликтот, особено не по мирен пат. Додека е на власт, војната продолжува. Секогаш е полесно да се правдаат економските неуспеси со војна“, кажа Путин на конференција за новинарите во Буенос Аирес на самитот Г20.

Путин истакна и дека не е против средба со украинскиот претседател Петро Порошенко, но дека со него е тешко да се комуницира.