Полицијата употреби палки и водени топови за да ги растера демонстрантите од улиците во центарот на Париз. Илјадници и натаму маршираат низ градот , поминувајќи и по улицата каде утрово се случи силна експлозија во која загинаа двајца пожарникари и се повредени 50 луѓе.

Министерството за внатрешни работи процени дека на демонстрациите зеле учество до 15.00 часот 32.000 „жолти елеци“, од кои 8.000 во Париз.

Централниот дел на градот е целосно затворен од полицијата , пред заканата од радикалните демонстранти, кои би можеле да ги нападнат јавните установи.

Така, сите мостови на Сена се затворени, како и приодите кон претседателската палата и кон зградата на Парламентот.

Групи демонстранти со барање за оставка од претседателот Макрон се собрани и на Елисејските полиња.