Руските служби добиле информации дека во регионот на Кавказ се наоѓа келија на „Исламска држава“. Целта на оваа група била да регрутира војници за боиштата во Сирија.

Во Дагестан пристигнале триесетина најелитни специјалци со една цел-групата да биде неутрализирана.

Водачите биле пресретнати на автопат кон Махачкала во Лада.Терористите први отвориле оган но набрзо биле совладани, а возилото уништено.