Стоитина активисти за заштита од климатските протести денеска се простија од глечерот Пизол во Швајцарија кој ќе исчезне како последица од глобалното затоплување.

Глечерот Пизол, кој сега е помал од десетина квадратни километри, се наоѓа во источниот дел на Швајцарија во Гларнските Алпи и се повлекува како што растат температурите.

Тој се наоѓа на околу 2.600 метри надморска височина и се проценува дека целосно ќе исчезне до 2030 година, пренесува Ројтерс.

Во Швајцарија, инаку има околу 1.500 глечери.

Британската агенција потсетува дека за истата причина во август во Исланд е одржано слично собирање.

Швајцарија е земја позната по директната демократија, би можела наскоро да гласа за земјата да стане климатски неутрална, бидејќи организаторите на петицијата „Глечер иницијатива“ собрале 120.000 потписи, неопходни за да се гласа за тоа.