Многу снег, но и град ја погоди Романија, каде заради лошите временски услови неколку патни правци се затворени за сообраќај.

Автопатот ДН17, главната сообраќајница во земјата, е покриен со дебел снег поради што сообраќајот се одвива отежнато, особено во регионот на Бачау.

Во четири региони има проблеми со прекин на електричната енергија. Во областите на Васлуи и Неамт десетици куќи се поплавени откако ноќеска во тој дел на земјата имаше поројни дождови.

Локалните медиуми објавуваат дека градот предизвикал огромни штети на посевите во регионот Калараси.