Ураганот Доријан, кој ги погоди Бахамите е рангиран како бура од петта категорија, го има епитетот „монструм-ураган“ и тој е вториот по јачина ураган кој ги погодил Бахамите. До сега има вести за едно загинато лице, и за повеќе од 13.000 уништени домови, но бурата доправа ќе ја покаже својата злокобна сила.

На Бахамите удри со ветер од 270 километри на час и се очекива откако ќе протатне низ Бахамите да продолжи споро да се движи на исток кон Флорида, каде бурата ќе стаса во категорија од четврти степен. Доволно многу области на Флорида да издадат наредба за обавезна евакуација, како и во Џорџија и Јужна Каролина.

Иако на Бахамите ураганот на моменти носел ветришта кои дувале и со 300 километри на час, ловците на урагани не се исплашиле и овој пат. Тие влегоа во окото на Доријан и снимија фантастични моменти во внатрешноста на монструозната бура.