Ураганот Дориан, насилната олуја на планетата оваа година, го погоди северниот дел од Бахамите, соопшти Националниот центар за урагани на САД. На социјалните мрежи се појавија снимки од огромната штета која ја остави ураганот позади себе.

СНН јавува дека неколку куќи на островот Абако се уништени или се останати без покрив. Американскиот национален центар за урагани  ги предупреди жителите на Бахами да не излегуваат од домовите затоа што се очекува удар со кој нивото на водата би можело да се подигне до 7 метри.

Уништени  покриви од автомобили, превртени  автомобили, громни штети во инфраструктурата, недостасува вода и електрична енергија, но засега нема повредени или жртви, објави АП. Дориан, кој прерасна во категорија пет,  е најсилниот ураган што ги погоди Бахамите во поновата историја.

Хотелите се затворени, а стотици луѓе веќе се сместиле во училишта, цркви и други засолништа.