На пристаништето Ливорно во северозападна Италија, полицијата запленила 650 килограми кокаин. Дрогата била откриена пред две недели во 23 големи торби, а вредноста на запленетиот кокаин се проценува на 130 милиони евра, се наведува во соопштението на финансиската полиција
Кокаинот бил скриен во контењер во кој се наоѓало кафе кое било наменето за компанија од Мадрид, а требало да биде испорачано на простаниште во Барселона. Товарот тргнал од Хондурас и е префрлен на друг теретен брод во Костарика, пред да дојде во Атлантикот
Полицијата никого нема уапсено за овој случај, а агенцијата Ројтер пишува дека истражителите веруваат дека е италијанска организирана група
Comments are closed for this post.