Десетици милиони луѓе во САД се подготвуваат за рекордниот поларен студ, кој што според прогнозите на метеоролозите денеска треба да погоди десетина сојузни држави на северот од земјата.

Најстудено се предвидува да биде токму денеска, а Чикаго ќе биде поладен и од Антарктикот.

Од таму доаѓаат видео снимки на кои се гледа како низ реката пловат санти мраз.

Замрзнала речиси целата река Чикаго, а самиот град минува низ рекордно студен период.

Во Чикаго температурите би можеле да паднат и на минус 33 степени, а поради силниот ветар субјективното чувство ќе биде како да е минус 45 степени.

Вонредна состојба е прогласена во Винсконсин, Мичиген, Илиноис, Алабама и Мисисипи. Властите во Ајова ги предупредуваат граѓаните да останат дома.

По тој повод се огласи и американскиот претседател Доналд Трамп кој на Твитер напиша дека на „преубавиот среден запад“ температурите достигнуваат и до минус 60 степени и дека луѓето не можат да издржат надвор ниту неколку минути.

„Што по ѓаволите се случи со глобалното затоплување? Те молам врати се брзо, ни требаш! Напиша Трамп на Твитер