Целосно изгубив осет за време и не сфатив дека е толку доцна. Одам дома“, кажа 40-годишен жител на Париз, кој сè уште бил излезен пред полицискиот час.

Наместо вообичаената гужва во трговскиот кварт Опера, излозите на продавниците беа темни, а луѓето ретки на улиците и повеќето се движеа кон станиците на метрото, пишува Ројтерс.

Вчера жителите на Франција добија нови слободи бидејќи престана наредбата да седат дома, што значеше дека можат да излезат во шопинг, на вежбање и слично, но беше воведен ноќен полициски час од 20 до 6 часот наутро, за време на кој луѓето можат да излегуваат само на работа, односно службено или од медицински причини.

Секој кој ќе го прекрши полицискиот час плаќа казна од 135 евра.