При претрес на домот на бившиот градоначалник на кинескиот град Гванџу, Џан Ци, полицијата пронашла над 13 тони злато во златни плочки, јавува локалното издание на powerapple.

Според изданието, на скриени места во домот на 57-годишниот бив градоначалник се пронајдени и големи износи на пари. Освен тоа, Џан Ци имал и лична сопственост на недвижен имот од неколку илјади квадратни метри.

Златото, парите, како и други откриени предмети биле изнесени од домот на бившиот градоначалник со неколку камиони.

Изданието дополнува дека на Џан Ци му се заканува смртна казна.