Шефот на чешката лекарска комора, Милан Кубек, остро се спротивстави на плановите на Владата за ублажување на одредени мерки, воведени со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

Кубек нагласил дека епидемијата се забрзува и се движи до границата на капацитетот на здравствениот систем на земјата, јави Чешкото радио, пренесува Гардијан.

Министерот за индустрија и трговија Карел Хавличек предложи продавниците и трговските центри да бидат отворени од понеделник, но под строги услови.

Сепак, лекарите велат дека болниците се близу до ограничувањето на капацитетите кога станува збор за прием на пациенти заразени со коронавирус и места на интензивна нега.

Министерот за здравство Јан Блатни вчера истакна дека болниците низ целата земја ќе бидат преполни за две-три недели со пациенти со Ковид-19, а тоа ќе ја принуди државата да побара помош од странство и болниците да бираат кои пациенти ќе ги лекуваат.