Велика Британија ќе ја напушти ЕУ на 29 март, рече Британскиот секретар за Брегзит Стивен Беркли, кој денеска ги негираше пишувањата на „Дејли телеграф“ дека Брисел и Лондон преговараат за проширување на членот 50 од Лисабонскиот договор, во врска со британското повлекување од Европската унија.

„Дејли телеграф“, повикувајќи се на три неименувани извори од ЕУ, вчера објави дека британски и европски претставници ја разгледуваат можноста за проширување на членот 50 од Лисабонскиот договор, кој се однесува на истапувањето од Унијата.

Не сум разговарал со Европската унија за проширување (на членот 50), изјави денеска Беркли за Би-Би-Си.

Прашан дали може да го негира пишувањето на весникот, тој одговори потврдно.

Да, бидејќи можам да бидам многу јасен дека владината политика е таква да ја напушти (ЕУ) на 29 март. Премиерката тоа го разјасни многу пати пред Парламентот, изјави Беркли.

Според „Дејли телеграф“, британските власти испратиле „неофицијална сугестија“ и „ја тестираат волјата” за проширување на член 50, дури и ако Владата вели дека нема намера да побара продолжување на преговарачкиот период.