Големи пожари ја зафатија Австралија. Силниот ветар предизвика огнени јазици кои тешко може да се контролираат па во еден момент беа активни околу 100 пожари одеднаш.

Опустошени се стотици хектари земја во Квинсленд и Нов Јужен Велс. Постарите жители на Австралија велат дека вакво нешто не е забележано на континентот триесетина години.