Иако најголемиот нарко бос Ел Чапо е во затвор во Колорадо неговите следбедници не мируваат.

Картелите од САД и од Мексико се тепаат за превласт на познатите тунели кои ги поврзуваат двете земји и преку кои Ел Чапо ја пренесувал дрогата.

Постојат од 10 до 50 вакви тунели кои всушност се ходници испреплетени еден со друг и само малкумина знаат каде завршуваат. Кланот Лос Зетас е најзаинтересиран да ги добие овие тунели за подоцна да ги изнајмува на другите кланови кои сакаат да пренесуваат дрога од една во друга земја.