Германската влада планира да ги зајакне артилериските сили на Украина со испраќање дополнителен број хаубици во борбата против Русија, јави ДПА, повикувајќи се на извори во Бундесверот.

Берлин е во разговори со Холандија и други европски партнери за да помогне во спроведувањето на планот, велат изворите.

Досега Украина има добиено седум хаубици Panzerhaubitz 2000 од Германија и пет од Холандија.

Киев тврди дека ќе му бидат потребни вкупно 18 хаубици за опремување на целосен артилериски баталјон.

Германија е решена да одговори на потребата на Украина за уште шест хаубици, доколку другите земји од ЕУ придонесат, рече изворот, што значи дека Берлин ќе испорача уште два или три од своите вооружени системи