Германија е една од првите земји која започна со вакцинацијата против корона.Досега се вакцинирани околу 500.000 граѓани од сите категории, но најмногу пензионери.
Проценките на германските власти се дека околу 70 проценти за неколку месеци ќе биде вакцинирано иако вакцинацијата нема да биде задолжителна освен за вработените во здравството и негата на стари лица.
Постапката на вакцинација е совршено организирано и се тече под конец. Пресинг ТВ имаше можност да зирне во центарот за вакцина во Штутгарт и се увери дека владее совршен ред.
Целата процедура трае околу половина час и лицето најпрво се регистрира, па оди на советување за можните ризици. Потоа се вакцинира но се дозволува веднаш да го напушти објектот туку седи петнаесеттина минути во просторија поради можни алергиски реакции.
Откако лекарите ќе се уверат дека се е во ред, лицето може да ја наушти просторијата со сертификат дека е вакциниран од Ковид-19.
Comments are closed for this post.