Германија планира да им овозможи одредени привилегии на вакцинираните против ковид-19 во однос на невакцинираните, изјави министерот за здравство, Јенс Шпан. Тој додаде дека вакцинираните граѓани ќе можат да патуваат без задолжителен карантин, ќе одат во фризерски салони и во продавници со минимални рестриктивни мерки, бидејќи резултатите од новите истражувања покажуваат дека вакцинираните претставуваат помал ризик за пренесување на вирусот.

„Секој што е вакциниран ќе може да оди на шопинг или пак, во фризерски салон без тестирање. Покрај тоа, резултатите од испитувањето на Инститот Robert Koh покажуваат дека вакцинираните не мораат да одат во карантин“, нагласи Шпан, пренесува германски Билд.

Тој не го објави точниот датум кога ваквата регулатива би можела да стапи на сила, иако германските медиуми известуваат дека тоа би можело да се случи во текот на следните недели.