Најмалку 36 лица се загинати, а повеќе десетици се повредени.

Воз кој патувал за Таитунг излетал од шините во тунел северно од Хуалиен, поради што неколку вагони удриле во ѕид на тунелот, се вели во соопштението на противпожарната служба.

На сликите од местото на несреќата може да се видат вагони во тунелот кои се разбиле од ударот, додека другите толку биле деформирани што спасувачите не можеле да стигнат до патниците.

Официјалната новинска агенција соопшти дека се сомнева дека камион кој „не бил паркиран сооедветно“ го блокирал патот на возот. Пожарникарите покажале слика од она што се чини остатоци од камион кој стои покрај уништениот воз.

„Нашиот воз удри во камион”, рече еден човек во видеото емитувано на тајванската телевизија на кое се гледаат слики од остатоците.

„Предниот дел на возот се наоѓа надвор од тунелот, а луѓето во вагоните кои сè уште се во тунелот се однесени на сигурно”, соопшти управата на железницата во Тајван.