Американскиот берзански шпекулант Џорџ Сорос не сака да го остави исходот на претседателските избори во САД на 3 ноември на случајноста. За време на предизборната кампања, Сорос потроши трипати повеќе пари за да го победи Трамп отколку што и даде на Хилари Клинтон во 2016 година. Меѓународната новинска агенција В4 направи листа на главните донации на Сорос чија цел е да се порази Доналд Трамп.

Шпекулантот Сорос веќе подолго време работи против американскиот претседател Трамп. Во 2017 година, овој 90 годишен поттикнувач на немири рече дека Трамп е „диктатор во најава“, и оцени дека само американскиот Устав го спречува Трамп да стане вистински диктатор. Со текот на години, Сорос стана опседнат со помислата да го урне Трамп и оваа негова омраза изгледа дека му го помрачи умот. Сорос дури бараше разрешување на крајно либералните директори на Фејсбук и го обвини сопственикот на компанијата Марк Закерберг дека му помага на Трамп, што укажува дека Сорос веќе не резонира логично

Бидејќи Сорос не може да влијае на исходот на претседателските избори во САД како политичар, тој ги користи своите пари да манипулира со политиката. Во 2016 година, во текот на изборите кои завршија со пораз на Хилари Клинтон, Сорос потроши над 25 милиони долари за да ги поддржи кандидатите на Демократската партија. Оваа година, износот е трипати поголем.

Американските изборни закони дозволуваат создавање на таканаречени ПАК (политички акциски комитети) преку кои може да се донираат пари за кампањите на политичарите. Законските измени во 1974 година поставија граница на тоа колку може одделен граѓанин да донира за неокја изборна кампања, но преку неограничените донации кон некој ПАК комитет, поединците можат да соберат огромни средства. Сорос го знае ова и не се колебаше да формира свој комитет, наречен Демократија ПАК, и сега истура пари во него.

Според американската федерална изборна комисија, комитетот Демократија ПАК добил 77.7 милиони долари, и од нив веќе уплатил 73.3 милиони на разни организации. Ова ги вклучува грантовите што преку овој комитет се даваат на одделните кандидати, банкарските уплати и правните консултации. Џорџ Сорос лично донирал 5.6 милиони долари на овој ПАК комитет, а преку организацијата Фонд за политички реформи, која ја формираше пред 10 години со буџет од 100 милиони долари, донирал уште 46 милиони долари за изборната трка.

Комитетот Демократија ПАК исплатил 8.5 милиони долари на комитетот за Мнозинство во Сенатот, преку кој се помагаат кампањите на влијателни политичари на Демократската партија како што е Чак Шумер, водачот на демократската група во Сенатот на САД. Шумер има блиски пријателски врски со кланот Сорос и се среќава често со Александар Сорос, синот на шпекулантот.

Оваа мапа ги претставува другите организации кои добиле пари од Демократија ПАК комитетот. Многу од нив се чести приматели на пари од Сорос и се дел од неговата империја.

Една од нив е организацијата Планирано семејство гласа – политичко крило на организацијата Планирано семејство која управува со најголемата мрежа клиники за абортуси во САД. Организацијата летово соопшти дека ќе ја поддржи кандидатурата на Џо Бајден за претседател.

Планирано семејство добива пари не само од Демократија ПАК туку и од Фондацијата отворено општество на Џорџ Сорос. Според интернет страницата на ФОО, тие само во 2018 година донирале милион долари на фонд на Планирано семејство.

Фондацијата 1630 добила пари од Демократија ПАК, но и 4.2 милиони долари од фондацијата ФОО на Сорос во 2018 година. Активистичката организација Тајдс е еден најголемите приматели на донации од Сорос, и воедно е наведена во датотеката на изборната комисија. Тајдс добила 1.7 милиони долари од организацијата ФОО на Сорос во 2018 година.

На интернет страницата на ФОО се наведува и организација наречена Општествена промена, која добила безмалку 1.5 милиони долари во 2016 година, заедно со организацијата Боја на промените, која добила 350.000 долари во 2018 година.

Неколку организации кои добиваат средства од Демократија ПАК комитетот се Црниот ПАК и Сомос ПАК, кои работат на мобилизирање гласачи во одредени американски држави. Првата организација работи на придобивање афро-американски гласачи, а втората е фокусирана на латино-американски гласачи.

Некои од организациите кои ги финансира Сорос се задолжени за водење пропагандни кампањи насочени против Доналд Трамп, преку предизборни видео спотови и реклами. Меѓу нив е Приоритет САД, која ја користеше паниката околу епидемијата на коронавирусот за да шири видео спотови во кои се тврди дека Џо Бајден подобро би се справил со епидемијата.

Меѓу другите организации кои ги финансира Сорос е радикалната организација за промовирање на абортусот НАРАЛ. Таа дистрибуираше видео во кое се тврди дека Трамп и неговите сојузници се водат од својата идеологија, а не од науката, и дека неговата администрација го ограничува пристапот на жените до абортус.