Вчера, на редовната видео-конференција посветена на борбата против пандемијата „ковид-19“, лидерите на ЕУ покажаа дека расте поддршката за т.н. дигитални сертификати за вакцинација засновани врз заеднички европски критериуми за влез во земјите членки и отворање на општеството по пандемија.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вели дека на земјите-членки ќе треба да донесат одлуки што може да се направи со сертификатите и дека тие ќе се користат на ниво на ЕУ за функционирање на единствениот пазар.

Вон дер Лејен изјави дека ќе бидат потребни најмалку три месеци да се воспостави интероперабилен систем на сертификати за вакцинација во ЕУ.

„Системот ќе поддржува информации за вакцинација, негативен тест за PCR или имунитет на некоја личност. Потребна ни е брза имплементација доколку сакаме овие сертификати да бидат функционални пред летот“, заклучи таа.

ЕУ нагласува дека сè уште има многу отворени и „политички и научни“ прашања кога станува збор за сертификати за вакцинација, односно за што ќе се користат или дали вакцинацијата значи и престанок на пренесување на инфекцијата.

„Имаме охрабрувачки податоци од Израел, каде се покажа дека вакцините „Фајзер“ го запираат пренесувањето на инфекцијата по ревакцинацијата“, вели фон дер Лајен.

Таа додава дека ЕУ досега примила 50 милиони дози вакцини против ковид-19, од кои 29 милиони се потрошени на вакцинирање граѓани, што претставува осум проценти од возрасната популација во ЕУ.