Унгарскиот парламент го одобри продолжувањето на вонредната состојба за уште 90 дена поради пандемијата на коронавирусите и во тој период властите можат да донесат мерки како што е полицискиот час. Ситуацијата со коронавирусот во Унгарија неодамна се влоши, а во понеделникот се регистрирани 2.623 нови случаи на инфекција, што е скоро двојно повеќе од бројот на заразени минатата недела.
На гласањето во понеделникот вечерта, 133 парламентарци од десното мнозинство гласаа „ЗА“, а 55 беа „ПРОТИВ“ продолжувањето, пренесува германската агенција „ДПА“.
Ова е вторпат владата на премиерот Виктор Орбан да ја продолжи вонредната состојба, откако за првпат беше прогласена во ноември за 15 дена. Тогаш, за тоа гласаше и опозицијата.
Противниците на продолжување на вонредната состојба тврдат дека Орбан ги злоупотребува своите овластувања, дозволувајќи ширење на корупцијата и укинување на независноста на Универзитетот.
Вонредната состојба им дозволува на властите да затворат ресторани и културни институции, како и воведување полициски час од 20 до 17 часот.
Ситуацијата на коронавирусот во Унгарија неодамна се влоши. Властите во понеделникот пријавија 2.623 нови случаи, скоро двојно повеќе од минатата недела.
4,5 илјади луѓе беа хоспитализирани во понеделникот, што се 606 повеќе од минатата недела.
Comments are closed for this post.