Владата на Украина поднесе тужба до Европскиот суд за човекови права против Русија за кршење на правата на украинските морнари по инцидентот во Керчкиот мореуз.

Заменик министерот за правда на Украина, Иван Лишчина, изјави дека украинската влада бара од Европскиот суд да го прогласи за незаконито затворањето на 22 украински морнари и двајца припадници на Службата за безбедност во казнените установи на Русија и нивното кривично гонење поради незаконско преминување наруската граница.

Претходно, руското министерство за правда го информира Европскиот суд за човекови права за локацијата на украинските морнари, нивниот пристап до правна помош и здравствената состојба.

Инцидентот се случи на 25 ноември, кога три брода на украинската воена морнарица ја нарушија морската граница на Русија поради што беа запленети, а посадата на нив беше затворена.