Туеција не го признава припојувањето на полуостровот Крим кон Русија и ќе продолжи да ги зацврстува своите односи со Украина, изјави турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, по средбата со својот украински колега, Петро Порошенко. Двата претседатела се состанаа во палатата Мабејн, a по нивниот билатерален состанок, учествуваа и на седмиот состанок на Советот за стратешка соработка на високо ниво меѓу Турција и Украина.

Нашата желба е судирите на истокот на Украина што побрзо да се решат со мирни и дипломатски методи. Повторно ќе истакнам дека не ја признаваме и нема да ја признаеме незаконската анексија на Крим – изјави Ередоган по средбата.

Турскиот претседател додаде дека со Порошенко разговарале и за регионални теми, но и за борбата против, како што Ердоган ја нарече, „терористичката“ ѓуленистичка организација ФЕТО, при што истакна дека Украина, како пријателска држава и пружа помош на Турција.

Украинскиот претседател, пак, истакна дека состанокот на Советот за стратешка соработка бил одлично искористен и додаде дека во текот на состаноците станало збор за скорешното потпишување договор за слободна трговија меѓу двете земји.