Три лица се убиени, а едно е тешко повредено при пукање од огнено оружје во семејна куќа во Дордехт, град на триесетина километри југоисточно од Ротердам, објавија холандските медиуми.

Инцидентот го потврдија на официјалниот твитер профил на холандската полиција, каде што објавија дека истрагата е во тек, без да се наведуваат други детали.

Како што објави холандскиот медиумски сервис „НОС“, пукањето било пријавено од една куќа и медицинските екипи веднаш излегле на терен. Градоначалникот на Дордехт, Вутер Колг, изјавил дека станува збор за многу сериозен инцидент.