Американскиот претседател Доналд Трмп во неколку свои твитови го искритикува францускиот претседател Емануел Макрон, заради, како што наведе, нефер трговски потези.
Тоа мора да се смени, напиша Трамп на твитер и констатираше дека Макрон има „низок рејтинг“ според јавното мислење и заради тоа „го свртува вниманието на друга страна“.
Трамп се осврна и на предлогот на Макрон да се формира европска војска за заштит на Европа од Русија, Кина и САД.
Но, Германија учествуваше во Првата и Втората ветка војна и како помина Франија, прашува Трамп и додава дека во Париз почнале да учат германски јазик, пред таму да пристигнат Американците. Платите за НАТО или не, предупреди Трамп.
Емануел Макрон не сакаше да ги коментира нападите на Трамп, соопштија од канцеларијата на францускиот претседател.
Comments are closed for this post.