Околу 200 лица од кампот во Рим, повеќето имигранти, но и бездомници и Роми, се избркани на улица, а нивниот импровизиран камп урнат со наредба на министерот за внатрешни работи Матео Салвини.

Уривањето на кампот предизвика бурни реакции кај невладиниот сектор.

Значи, тие имаат социјални проблеми во Рим. Со полицијата и со прогонетите. Срамно за овој град – објави една невладина на Твитер.

Меѓутоа, Салвини е јасен, „нема да толерира зони на беззаконие“. Владата во октомври предупреди дека кампот на улицата Баобаб во близина на станицата Табурнија е место каде има нелегални активности, па дури и слување.

Од друга страна, левичарски партии во саботата одржаа протест поради, како што ја нарекуваат, антиимигрантската политика на владата и повикуваа дека „животот на црнците е вреден“. Тие негодуваат и заради заострениот закон за азил.