Американскиот претседател Доналд Трамп изјавил дека не го засега руската вмешаност во американските претседателски избори, затоа што САД го правеле истото во други земји, објави „Вашингтон пост“. Како што пишува веснинкот, ваквиот став, Трамп го искажал во мај 2017 година на средбата со рускиот министер за надворешни работи, на која присуствувал и рускиот амбасадор во САД, Сергеј Кисљак,
Повикувајќи се на три извора, „Вашингтон пост“ дознава дека соработници во Белата куќа биле алармирани од таквиот коментар и ги сокриле од јавноста записите од средбата.
Според изворите, меморандумот од резултатите на средбата бил со ограничен достап и тој документ можеле да го видат само неколку доверливи официјални лица.
Во мај 2017 година почна истрагата за можната вмешаност на Русија во претседателските избори што се оддржаа претходната година. Случајот беше воден од специјалниот обвинител Роберт Малер кој ја заврши истрагата во март 2019 година. Тогаш, државиот обвинител Вилијам Бар соопшти дека во текот на истражните постапки се дознало за повеќе обиди на агенти на Русија да влијаат на изборните резултати во полза на Трамп.
Притоа, Малер не успеа да покрене обвинение, затоа што не можеше да најде индиции за заговор на кампањата на Трамп со Русија и го предаде случајот на претрес во Конгресот.
Претставничкиот дом оваа недела покрена постапка за разрешување на претседателот Трамп. Демократите во конресот го сомненичат за обид да влијае врз предизборната кампања за изборите во 2020 година, со наводно ангажирање на странски ентитет, што во САД е противуставно, бидејќи се нарушува Законот за финансирање на изборна кампања.
Comments are closed for this post.