Компанијата „Калашников“ објави снимка од екстремен тест на нивната автоматска пушка AK-74M за време на рафална стрелба.

За тестирањето биле подготвено 26 шаржери со капацитет  од 30 куршуми. После 587 гаѓања се скрши цевката во близина на главниот жлеб, а на жлебот се појави оган.После ладењето се појавија трагови на дисколорација (површина на оксиден филм), се стопи цевката, а во шаржерот се заглавија патроните.

Претставниците на „Калашников“ велат дека за да ги исполни строгите услови на многу армии во светот пушката мора да издржи 180 гаѓања со рафална стрелба, што значи дека е по сите стандарди.